вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Општини

Почнуваат активностите за прогласување на Лесново за прв Геопарк во земјава

Почнуваат активностите за прогласување на Лесново за прв Геопарк во земјава

Почнуваат активностите за номинацијата на Лесново за Геопарк, кој треба да биде ставен на листата и под заштита на УНЕСКО. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева вели дека утре во Пробиштип доаѓаат експертите од Геопарковите во Хрватска и Романија, кои на работната група од Македонија ќе и ги пренесат своите искуства за постапката и се што треба ад се направи, кога ќе се достави номинацијата за Лесново.

-Тие имаат огромно искуство во спроведување вакви проекти, ќе имаме и работилница во општина Пробиштип, на која ќе има и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“, претставници од Министерството за животна средина. Треба да го видиме нивното искуство, позитивно, во имплементацијата на ваквиот тип на проекти, вели Здравева.

На проектот ќе работат експерти од повеќе области, а експертите за туризам сметаат дека специфичниот вулкански терен, единствен на Балканот е вреден да се запише на листата на заштитени природни подрачја и дека одговорот  од УНЕСКО ќе биде позитивен.

Целата постапка до апликацијата ќе чини 12 милиони денари, а иницијативата се реализира преку Програмата за зачувување на природата финансирана од швајцарската Агенција за развој и соработка, а координарана од Фармахем.

МИА