сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Општини

Почнува фестивалот на албански фолклор „Кенге Јехо“ во Струга

Почнува фестивалот на албански фолклор „Кенге Јехо“ во Струга

Со настап на ансамблот „Фолк Алб“ од Тирана и културно-уметничките друштва „Јахи Хасани“ од Гостивар и „Шчипоња“ од Сарај, како и културниот центар „Качанику“ од Качаник, вечер во Струга ќе почне 28. издание на фестивалот „Кенге Јехо“.

Од општина Струга соопштија дека целта на фестивалот е да не потсети на албанските вредности и култура.

На втората фестивалска вечер, најавен е настап на културно уметничките друштва „Резет е Стругес“, „Бајрам Шабани“ од Куманово, ансамблот „Кемајл Азизи“ од Косово и ансамблот за народни танци „Емин Дураку“ од Скопје.

Манифестацијата ќе заврши на 7 јули со настап на ансамблите „Илирида“ од Скопје и „Скендербеу“ од Корча, КУД „Зери и Лугинес“ од Бујановци, „Прешево“ од Прешево и „Ѓилан“ од Ѓилан.