четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Почна референдумското изјаснување во Штип

Почна референдумското изјаснување во Штип

Почна гласањето на 77 избирачки места во Општина Штип, каде што со право на глас се вкупно 41.854 гласачи.

Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека за референдумот 2018 година сите гласачки места се отворени точно во 7 часот и во овие утрински часови нема регистрирано неправилности или некои проблеми.

Во текот на вчерашниот ден гласаа болните и инвалидизирани лица во своите домови, како и затворениците. Своето право на глас вчера во источниот регион  го искористија 298 болни и 206 затвореници.

МИА

Коронавирус