понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 84
home Општини

Починаа две лица во штипскиот ковид центар

Починаа две лица во штипскиот ковид центар

Две лица на возраст од 51 и 79 години од Радовиш и селото Подареш заболени од Ковид-19 починаа во ковид центарот во Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во извештајот наведува дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение се лекуваат 39, а на Кожното одделени еден пациент, но загрижува тоа што 33 пациенти се на постојана кислородна поддршка.

Притисокот за болничко лекување е намален, па во овој ковид центар сега слободни места има за 30 пациенти.

Во 11 општини во Брегалничкиот регион има 776 активни случаи, од кои најмногу над 200 има во Штип и Кочани, па следува Делчево, додека во останатите општини бројките се двоцифрени.

Коронавирус