среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Општини

Почетокот на учебната година во Кочани донесе нови проблеми за родителите: Учениците жртви на самоволието на локалната самоуправа

Почетокот на учебната година во Кочани донесе нови проблеми за родителите: Учениците жртви на самоволието на локалната самоуправа

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев не ја исполни законската должност и не им обезбеди бесплатен автобуски превоз на 4 089  ученици на првиот школски ден во основните и средните училишта во општина Кочани и блиските населени места.

Иако ветуваше нови начини на пресметки и иновативни решенија за намалување на трошоците за превоз на учениците во општина Кочани, градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев покажа најголема неодговорност до сега бидејќи за прв пат учениците се оставени без бесплатен превоз на почетокот од учебната година.

Родителите од Кочани и околните населени места уште на првиот училиштен ден се соочени со поголеми трошоци за школување на своите деца и со право се прашуваат, кога оваа локална власт ќе се надмине и ќе собере храброст да ги тргне настрана сопствените бизнис интереси од образованието?

Според она што може да се прочита на официјалната страна на општина Кочани во делот надлежности на општината под точка 8 стои:

„Образование- основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта, во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови.”

Граѓаните на Кочани со право се прашуваат зошто градоначалникот и локалната власт не ја исполнуваат законската обврска да им обезбедат бесплатен превоз на учениците и со тоа заедно со директорите кои тие ги поставувааат се изложуваат на кривична одговорност и што е најстрашно директно го колабираат воспитно- образовниот процес во општина Кочани.

Дел од учениците кои ги исполнуваат законските услови највавуваат дека поради новите непланирани трошоци за превоз ја разгледуваат можноста да се запишат како вонредни ученици. Па од овде надлежните треба да се запрашаат дали мерката за укинување на школскиот превоз ќе доведе до намалување и укинување на дел од паралелките во средните училишта во Кочани?