понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 77
home Општини

По пет часа дневно рестрикции на вода во Тетово

По пет часа дневно рестрикции на вода во Тетово

Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ информира дека се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во траење од пет часа.

Според нивната информација од 5 јануари до денеска се откриени два дефекти кои се причини за губење на водата за пиење од новиот водоснабдителен систем.

– На 5 јануари 2022 во водоводната мрежа на Лешница настана дефект, кој следниот ден е санира. Потоа забележано е намалување на количината на вода, по што е локализиран уште еден дефект како резултат на лизгање на контролен бунар на водоводната мрежа кој ја испраќа водата од изворот Лешница до филтер станица- Лисец. Количината на вода заедно со бунарите достигнува до 160 л/с, количина која не е доволна за нормално и рамноправно снабдување на нашите граѓани, па затоа ноќе сме принудени да правиме рестрикци и тоа од 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП Тетово.

Поради дефекти на новиот водоснабдителен систем и во декември имаше рестрикции во водоснабдувањето.

Коронавирус