петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Општини

По катастрофата во првиот круг, битолската градоначалничка и СДСМ преземаат потези на штета на битолчани

По катастрофата во првиот круг, битолската градоначалничка и СДСМ преземаат потези на штета на битолчани

СДСМ И НАТАША ПЕТРОВСКА ВО БИТОЛА СООЧЕНИ СО ПОРАЗОТ И ОГРОМНИОТ БРОЈ ИЗГУБЕНИ ГЛАСОВИ ПРЕЗЕМААТ НЕРАЗБИРЛИВИ ЕКОНОМСКИ ПОТЕЗИ НА ШТЕТА НА БИТОЛЧАНИ

Дефинитивно, лицето Наташа Петровска, што случајно престојува во градоначалничкиот кабинет во општина Битола, нема појма како да се справи со водењето на Општината, а веќе граѓаните само по неколку месеци се уверија дека не можат да очекуваат ништо убедени дека ниту еден нивни проблем Петровска не е во состојба да го реши.

Не постои сфера, каде Петровска успева да се снајде, а најмногу заглави во делот на образованието од каде и доаѓа, но нејсе, за тоа многу брзо ќе си одговара пред надлежните институции, за незаконското работење, грубото кршење на законите и направената штета.

Сега, откако предреферендумски донесе иницијатива, Советот брзоплето, пак пред вториот изборен круг на претседателските избори, донесе одлука за формирање ЈП за паркинзи и градски превоз. И што направи? Ништо, само потврди дека ниту таа, ниту со “експертите” со кои е опкружена врска немаат од економски развој, од модерно менаџирање и воопшто не се потрудиле да разберат што значи јавно приватно партнерство. Туку, повторно, како во времето на задругите и колективите, во нивната тотална неспособност прибегнуваат кон најлесниот чекор – да основаат ЈП со парите на граѓаните, без притоа да направат ниту една експертиза, истражување, физибилити студија.

Одењето во ЕВРОПА, меѓу другото значи користење на искуствата од ЕВРОПА, Ако во ЕВРОПА многу одамна максимално се користи приватниот капитал, секаде каде е можно и моделот на јавно приватно партнерство, ОПШТИНА БИТОЛА, носи одлука за враќање назад, НАПУШТАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА КОРИСТЕЊЕ НА ПРИВАТЕН КАПИТАЛ, И ВРАЌАЊЕ НАЗАД КОРИСТЕЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ.

Многу критикуваната претходна локална власт, пред 6 години, ОДЕЛА НАПРЕД И КОРИСТЕЛА ПРИВАТЕН КАПИТАЛ ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС. Од приватен капитал, обезбедила задоволување на потреби од јавен интерес, во нешто што ДОТОГАШ БИЛО НЕПОЗНАТ БИЗНИС И НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ, обезбедила , ПРИВАТНИОТ ПАРТНЕР САМ ДА ГИ ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИТЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ, најниски цени за услуги на граѓаните, 15 минути паркинг без надоомест, и ПЛУС ПРИХОДИ ВО БУЏЕТОТ ОД ЈАВНОТО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ГОДИШНО ОД ОКОЛУ 30.000,00 ЕВРА.

Градоначалничката и оваа власт предводена од СДСМ, се враќа НАЗАД, ја напушта стратегијата на КОРИСТЕЊЕ ПРИВАТЕН КАПИТАЛ, и прибегнува КОН КОРИСТЕЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ, ПАРИТЕ ОД ДАНОЦИТЕ, ДА ГИ ПРЕЛЕВА ВО ПРОФИТАБИЛНИ БИЗНИСИ. Очигледно дека оваа власт НЕМА СТРАТЕШКА ЦЕЛ ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС БЕЗ ПРАВЕЊЕ ТРОШОЦИ ОД СРЕДСТВА НА ГРАЃАНИТЕ, ТУКУ ДРУГИ СКРИЕНИ ЦЕЛИ.

Основањето на Јавно претпријатие подразбира основачки капитал од минимум 25.000,00 евра, сопственост на Општината, значи обезбедување на почетни парични средства за работа од Буџетот на Општината, односно пари од даноци за јавното претпријатие. Дали е целта ОТПУШТАЊЕ НА ЕДНИ ВРАБОТЕНИ И ВРАБОТУВАЊЕ ДРУГИ-ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ. Дали има направено основачот план за работа, колкави би биле трошоците, а колкави би биле приходите од дејноста јавна услуга паркинзи. Каква е таа одлкука за Јавно претпријаие без физибилити студија. Или пак под силен притисок ова мора да биде уште една голема лага залудно фрлена пред граѓаните, од кои што СДСМ убедливо ја губи довербата.

Писмо од читател

Најнови вести