четврток, 6. август 2020. Вести денес: 174
home Општини

По два часа гласање излезноста во Гевгелија над 10 отсто

По два часа гласање излезноста во Гевгелија над 10 отсто

Во изминатите два часа од отворањето на 37 избирачки места во општина Гевгелија, правото на глас го искористиле 1.926 граѓани или 10,08 отсто, соопшти претедателката на ОИК, Роберта Јанчева.

Избирачкиот процес, информира, се одвива мирно, без никакви забелешки.

До 9 часот во општина Богданци на едно гласачко место излегле 480 граѓани или седум отсто од запишаните. Нешто помала излезност е забележана во општина Валандово каде според претседателот на ОИК излезноста е 5,84 отсто, односно до 9 чаот гласале 579 граѓани на 24 избирачки места.

Излезноста, според евидентираните гласачи, е најголема во општина Дојран каде на гласање излегле околу 13 отсто или 207 граѓани на осум избирачки места

Коронавирус