понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 255
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Општини

Планинари од Куманово реагираат дека се сече шума кај водопадот во Длабочица

Планинари од Куманово реагираат дека се сече шума кај водопадот во Длабочица

Група планинари од Куманово денеска реагираа до медиумите, укажувајќи дека се врши сеча на дрвја во близина на водопадот во село Длабочица во општина Старо Нагоричане.

Од кумановската подружница на „Македонски шуми“ велат дека сечата е претходно планирана, но и дека нема да се сечат дрвја кај водопадот. И од општина Старо Нагоричане и од Државниот инспекторат за шумарство или ловство Скопје РЕ Крива Паланка потврдуваат дека претпријатието не извршило сеча во тој дел, ниту за свои, ниту за потреби на приватни сопственици. Сепак, двете институции потврдија дека на терен имало градежна машина која работела кај водопадот и го сменила токот на речното корито.

Во реакцијата на групата планинари се вели дека со години има сеча во близина на единствениот водопад во овој регион, но сега се загрижени зашто се работи во негова непосредна близина. Тие доставија и фотографии оттаму. (МИА)

– Иако веќе бевме сведоци во изминатите неколку години на неселективно систематско уништување и соголување на преубавата шума, сепак не очекувавме дека тоа ќе дојде и до најпрекрасниот и недопрен дел од природата околу самиот водопад. Шумата и водопадот во Длабочица претставуваа едни од ретките места на недопрена природна оаза во нашиот регион, каде луѓето имаа прилика да пешачат и да уживаат во природните убавини надвор од градскиот метеж. Како што може да видите од сликите што ви праќаме веќе е пробиен и создаден пат за тешки товарни возила и веќе е упропастена природната камена подлога околу водопадот и самата река. А во најскоро време може да очекуваме и соголување на шумата околу самиот водопад, со што ќе биде нанесена непоправлива штета на оваа ретка природна оаза, стои во дописот на групата планинари.

Тие нагласуваат дека се обратиле до „Македонски шуми“ од каде добиле одговор дека сечата е планирана, дека е направен записник од страна на овластен иснпектор и овој предел е маркиран за сеча. Планинарите се обратиле и до локалната самоуправа Старо Нагоричане.

Општинскиот инспектор за комунални работи, Часлав Максимовсиќ, информираше дека денеска заедно со градоначалникот Жаклина Јовановска, по добиено известуавње од планинарите го посетиле селото Длабочица и утврдиле дека општината нема дадено дозвола и никој досега не побарал од нив дозвола да вршат некакви дејства.

 

-Утврдивме дека има багер која работи кај водопадите и дека е пореметено течението. Не знаеме чија емашината, но пореметено е течението, изјави Максимовиќ.

И од Работната единица Крива Паланка од Државниот Инспекторат потврдуваат дека излегле на терен по дојавата на планинарите. Инспекторот Благе Митевски појасни дека „Македонски шуми“ не работат на тој дел, дека немаат своја градежна машина која работи за нивни или потреби на привтани сопственици на шуми. Тој потврди дека кај нив е стигната информација дека се работи со машина кај водопадот.
Директорот на кумановската подружница Луан Бајрами изјави дека нема да вршат сеча кај водопадите и дека сеча се врши исклучиво според план. (МИА)

 

Парламентарни избори 2020