вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 33
home Општини

Петковски: Во последните 6 месеци криминалот во општина Куманово е зголемен за 20 %

Петковски: Во последните 6 месеци криминалот во општина Куманово е зголемен за 20 %

На денешната седница на Советот на Општина Куманово, како прва точка се разгледа извештајот за работата на полициската станица од пошта надлежност Куманово. Во овој извештај видовме еден франтпантен податок дека во последните 6 месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20%. Оваа особеност се однесува на делот, економски криминал каде што зголемувањето е 170%, и на делот на недозволена трговија каде што зголемувањето е 75%, изјави Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа како советничка група на Коалицијата „За подобра Македонија“ го повикуваме ресорниот министер да обрне малку повеќе внимание за својот роден град. И да си ја врши својата работа како што треба за да неговите сограѓани бидат задоволни од работата на полициската станица. И да сигурноста на граѓаните во Куманово се зголеми, бидејќи моментално не е баш така, додаде Петковски.

 

Коронавирус