петок, 10. јули 2020. Вести денес: 163
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Општини

Петкова: Конска брана е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој го започна во 2016 година и истиот ќе го заврши ВМРО-ДПМНЕ

Петкова: Конска брана е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој го започна во 2016 година и истиот ќе го заврши ВМРО-ДПМНЕ

Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус за проектот Конска брана кој бил целосно на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-КОНСКА БРАНА – ПРОЕКТ НА ВМРО ДПМНЕ

Денес, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ја посетија Конска Брана. При тоа министерот кажа неточни податоци и очигледно не е упатен добро во овој проект.
1.Трајан Димковски вели дека пред 2 години почнала изградбата на Конска Брана. Градоначалникот Сашо Поцков требало да го извести министерот дека проектната документација за Конска Брана е изработена во 2016 год. кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ и тогаш беа обезбедени средства за овој проект, а истиот почна со реализација во март 2017 година.
Изведувач тогаш е избран турскиот конзорциум SERKA TAAHHUT INSAAT A.S. / AK-ELI INSAAT TICARET LTD.STI, а надзор при изведбата на работите е Градежен Институт МАКЕДОНИЈА
2.Трајан Димковски вели дека со изградбата на Конска Брана ќе се обезбеди вода за пиеење за гевгеличани. Изгледа дека и министерот и Градоначалникот Сашо Поцков не знаат дека не е предвидено да се обезбеди вода за пиење за граѓаните на општина Гевгелија, односно Конска Брана не е изградена за оваа намена
3. Не е точно како што објавија некои портали дека во моментот Конска Брана “ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ”. Вистината е дека МЗШВ на чело со СДСМ не го прати финансиски навремено овој проект кој првично беше предвиден да заврши крајот на 2019 год.
Почитувани сограѓани, реализацијата на проектот Конска Брана претставува исполнување на една дамнешна желба и барање на граѓаните на општина уште од далечната 1978 година. Проектот многупати бил одложуван, забораван, заобиколуван но Владата на ВМРО ДПМНЕ конечно започна со реализација на проектот, а после парламентарните избори 2020 год. проектот Конска Брана ќе го заврши, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

КОНСКА БРАНА – ПРОЕКТ НА ВМРО ДПМНЕ Денес, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски и…

Gepostet von Angelina Petkova am Mittwoch, 3. Juni 2020

 

Парламентарни избори 2020