вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 170
home Општини

Петков: Создаваме нова иднина за Виница-Уредување на коритото на Виничка река, со пешачки патеки

Петков: Создаваме нова иднина за Виница-Уредување на коритото на Виничка река, со пешачки патеки

Дозволете да Ви презентирам уште еден од приоритетните проекти од нашата програма за кој се обврзуваме дека ќе го реализираме, а тоа е регулација на речното корито на Виничка река, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Петков, кандидат за градоначалник на Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Реализацијата на овој проект ќе значи многу за граѓаните во овој дел од градот, но исто така Виничани ќе добијат ново место за рекреација.

Овој проект го предвидуваме во три фази:

1. Фаза – на потегот од мостот кај градскиот парк до новата локација за автобуска станица.
2. Фаза – на потегот од мостот кај Месната заедница до Горна чешма.
3. Фаза – на потегот од Горна чешма до м.в. Ширината.

Веднаш ќе пристапиме и со изработка на Детален урбанистички план за м.в. Ширина каде во иднина предвидуваме нов градски парк што ќе биде целина со веќе постоечкото излетничко место Свет крст.

Со проектот предвидуваме:

• Уредување на речното корито, а на месноста Ширина изградба на мини акумулација, која летниот период ќе се користи за наводнување на паркот, а за време на верскиот празник Водици место за положување на Светиот крст.
• Озеленување и пошумување на просторот од реката до Светиот Крст.
• Пешачка патека
• Клупи за одмор
• Летниковци за пикник
• Изградба на мал отворен амфитеатар.
• Детски парк со реквизити, вели Петков.

Тој додава дека секој еден проект од изборната програма е добро осмислен, реален и е резултат на вашите идеи, потреби и барања. Затоа на 17-ти октомври ја бараме вашата поддршка за промени, проекти, победи.

Локални избори 2021