среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 66
home Општини

Петкоски: Јовановски додека се занимава со вработување на партиски послушници, граѓаните револтирани од неисчистените улици од снег

Петкоски: Јовановски додека се занимава со вработување на партиски послушници, граѓаните револтирани од неисчистените улици од снег

Секојдневно сведочиме за неспособноста на власта, како на централно така и на локално ниво. Тоа не е ништо ново власта која потфрли во секој поглед на сите полиња во сите области. И наместо процесот на вакцинација да се одвива најнормално како кај повеќето европски држави, навремено, со средена законска регулатива, ние сме заглавени во бирократски лавиринти и си играме држава, на штета за жал на животот и здравјето на нашите сограѓани, вели Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Наместо да набавуваме самите вакцини, ние служиме за потсмев на останатите држави, затоа што власта на Зоран Заев, не е способна да прими ниту донација на едно пакетче со вакцини, за која што вчера гледавме церемонии од невиден размер која што ја покажуваат мизеријата во која е вовлечена оваа држава.

Македонија благодарение на централната и локалната власт на СДСМ е првак во корупција и криминал, за што покажуваат сите релевантни меѓународни извори. Нема ден, а да не излезе на виделина уште еден срамен и голем скандал поврзан со владеењето на СДСМ.

За жал, тука во Прилеп локалната власт, речиси по ништо не се разликува од горната централна власт, освен што заедничко за двете е нивната неспособност. Граѓаните и понатаму се револтирани од неисчистените улици од долго најавуваното невреме, кое што и овојпат ги изненади локалните служби. Освен што се исчистени некои од главните улици, споредните и периферните подрачја како да не постојат за локалната власт предводена од Јованоски. За тротоарите по кои поминуваат пешаците, да не станува ни збор. Но затоа новиот булевар и мостот во Сточен Пазар, се исчистени со внимание за да можат граѓаните подобро да видат на каде се трошат огромните украдени пари.

Освен тоа што власта се занимава со вработување на најблиските роднини, пријатели и партиски послушници, нема реализирано ниту еден значаен проект за општото добро на Прилеп и прилепчани. Го нема долго најавуваниот спортско рекреативен центар со затворен базен, ја нема ветената реконструкција на чаршијата, гасификацијата, изградбата на обиколници и ред други предизборни проекти на Илија Јованоски. Но затоа има затворени дуќани на секој чекор, беда, сиромаштија и излажани тутунари, кои што оваа реколта ќе ја паметат како една од најлошите со мизерна откупна цена со која што не можат да ги покријат нивните основни трошоци.

За среќа, крајот на ова ненародно владеење доаѓа. Уште неколку месеци не делат од локалните избори на кои што СДСМ ќе го доживее најголемиот пораз и граѓаните ќе ја казнат неспособноста и преспиениот мандат од четири години. Доаѓаат подобри денови, за Прилеп и прилепчани, затоа што ние го заслужуваме тоа!, додава тој.

ЕУРО 2020

Македонија