петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 125
home Општини

Петкоска: До кога СДСМ и Георгиески ќе си поигруваат со интелигенцијата на Охриѓани и до кога ќе сметаат дека народот има помнење на златна рипка?

Петкоска: До кога СДСМ и Георгиески ќе си поигруваат со интелигенцијата на Охриѓани и до кога ќе сметаат дека народот има помнење на златна рипка?

До кога СДСМ и Георгиески ќе си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните и до кога ќе сметаат дека народот има помнење на златна рипка?
Ако нивниот лидер Зоран Заев се раководи од неговото основно начело ветувам-негирам-заборавам, а Георгиески го следи истотот начело, тогаш ние сме тука за да ги потсетиме на нивната крајна безидејнот, со која не само што не одиме напред, туку и назадуваме со брзина на познатиот – квантен скок!, ова денека на прес-конференција го истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ Охрид.

-Зошто пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ?
Заев уверен изјави, цитирам: „Бројките се добри, минатата година надминавме 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања“.
Со која мерка дојдовте до оваа бројка на туристи господине премиере?  Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет?  Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународните саеми и кој е заслужен за постигнатата бројка на странски туристи со која денес се фалат? Навистина…не славевме со чочеци, затоа што она што е најважно за ВМРО-ДПМНЕ е задоволството кое ќе го почувствува граѓанинот.
Како министерот Бектеши се дрзнува да ги нарече новитети, мерките кои беа предвидени со програмата на ВМРО-ДПМНЕ? Како што Георгиески безидејно ги препишува мерките и проектите предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво така без ниту една додавка си го пресликавте истото и на централно ниво, потенцира Петкоска.

Таа додава дека туристичката инспкција беше предвидена и изгласана уште на 76-тата седница на Владата, на 26 мај 2015 година.
Што се случи со планот за живот за 2018 година кога ветувавте модерен туризам, здравствен, спортски и каков уште не, со кои ќе се позициониравме како посакувана дестинација на туристичкиот пазар?

-Ќе го проширевте целниот пазар, здравствениот туризам ќе донесеше работни места за доктори, физиотерапевти, па нели ќе немаше потреба да бараме доктори од странство?
Ќе инвестиравте во нови хотелски капацитети и Охрид во 2018 година ќе станеше конгресна дестинација. Од сето тоа граѓаните ништо не видоа и заслужено добивте една голема нула од нив. Почитувани господа од СДСМ,  Единствена уникатна идеја која на никој, само Вас, не може да му падне напамет е легализацијата на марихуаната со која ќе привлекувате туристи – секако, ако народот Ви го дозволи тоа! Здружението на хотелиери веќе донесе заклучок дека се против легализација на марихуаната за рекреативни цели во охридско-струшкиот регион. Токму затоа, на 21 април од народот ќе ја добиете и втората заслужена нула за вашата безидејност!, додава Петкоска.

Коронавирус