недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Општини

Пет новороденчиња во 2021 во Битола, првото машко

Пет новороденчиња во 2021 во Битола, првото машко

Една минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение се роди првото бебе во новата 2021 година, Методиј, со родилна тежина 3150 гр, и должина. 50 см,.кој воедно е прва радост на неговите родители.

Директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска се заблагодари на сите дежурни екипи кои за време на новогодишната вечер беа на своите работни места, особено на оние кои беа околу мајките и новороденчињата.

-Во првиот ден од новата година, се родија 5 нови бебиња, на кои што им посакувам да бидат среќни и безгрижни. Во оваа година што ја оставивме зад нас, односно во 2020 година, имаше многу нови раѓања во Клиничка болница и забележан е порст од 2% во однос на претходната 2020 година, посочи Гагачовска.

Градоначалничката Наташа Петровска оствари видео средба со мајката, со цел да и ги пренесе честитките за првото новороденче.

Мајката од своја страна се заблагодари на чинот, како и на персоналот од Клиничка болница. Градоначалничката, покрај симболичниот подарок, за првороденото бебе намени ваучер во вредност од 20.000 денари. Таа симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.

Коронавирус