Општина Кавадарци со градоначалникот Митко Јанчев,Советот на општина Кавадарци донесе програма со која се обедбедени 5 автоматизирани колички наменети за инвалидизирани лица.
Истите се порачани и обезбедени во претходна соработка и препорака на Здружението „Мобилност“ кое ги има сите податоци за лица со хендикеп. Вредноста на автоматизираните колички е 375.000 денари и општина Кавадарци, Советот и градоначалникот секоја година ќе ги обезбедуваат овие средства и ќе ги наменуваат за лицата со хендикеп при движење.

Денеска градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев, им ги предадоа количките во сопственост на 4 лица, а деновиве ќе добие количка уште едно лице.
Претседателот на „Мобилност„ Михајло Михајлов се заблагодари за перманентните напори на општината за подобрување условите за движење во градот на ова категорија граѓани.