вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Општини

Педалинките во вода, инспекторите во неуспешна мисија

Педалинките во вода, инспекторите во неуспешна мисија

Механизација на јавното комунално претпријатие во Струга и неколку општински инспектори со поддршка на полицијата денес се обидоа да ги отстранат десетината педалники поставени на дел од струшкото крајбрежје. Но, обидот беше неуспешен затоа што сопствениците тоа не го дозволија. Тие на мирен протест се пожалија дека општинските власти не ги оставаат да работат и отиа единствен извор на егзистенција им е ова.

Обидот за нивна дислокација доаѓа и покрај неодамнешната одлука на Советот на општината Струга кој не го поддржа предлогот на општината да се изрече забрана за паркирање и издавање на педалинки ова лето во Струга.

„Инспекторите не ја почитуваат одлуката на совет. Зошто ги прескокнуваат другите пловни објекти и идат само кај педалинките? Ако важи законот за нас, тогаш треба и за другите да важи. Запалени се три педалинки, а некој им рекол дека ќе земе бензин и ќе им ги запали“, рече Каим Зиба-сопстевник на педалинки.

Извор: АлсатМ