петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 144
home Општини

Пецаков за модерен и атрактивен туризам во Охрид

Пецаков за модерен и атрактивен туризам во Охрид

Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник денеска пред медиумите го посочи развојот на туризмот како еден од приоритетите на Охрид.

– Развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид заслужува посебно внимание, а наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење нови модели за развој на туризмот, креирање нови форми на туризам, брендирање производи и привлекување брендирани имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско-туристичкиот сектор и промоција на Охрид како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини, рече Пецаков.

Тој најави дека како идна власт во Охрид ќе го унифицирааат изгледот на угостителските објекти на Градскиот плоштад, развој на спортскиот туризам како база за подготовки во Охрид, преку организирање летни училишни кампови, создавање услови за подготовка на спортски клубови во истите и одржување на спортски манифестации.

Пецаков уште посочи на можностите за интензивен развој на руралниот туризам, како поттик на економскиот и општествениот развој во руралните средини, со цел спречување на миграцијата на млади луѓе преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.

Како уште една мерка што ја гарантира како иден градоначалник на Охрид Пецаков најави ослободување од уплата на туристичка такса за периодот надвор од сезона, исплата на дел од сметките за вода и струја и слично или субвенции за сместувачките капацитети што ќе носат гости пред и по туристичката сезона.

Во насока на промоција на еко-туризмот Пецаков рече дека ќе се работи на мапирање, прогласување и промовирање на еколошки заштитени зони.

Уште најави изработка на охридски туристички речникј во кој по азбучен редослед ќе бидат опфатени сите туристички вредости на градот, со крајна цел е на едно место да се опфати севкупната туристичка понуда на Охрид.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најави и ревитализација на Студенчишкото Блато и негово поврзување со Охридското Езеро преку канали.

– Целта е зачувување на целокупниот езерски еко-систем и влез на Општина Охрид во биосферен резерват, рече Пецаков.

Коронавирус