сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Суштински што треба да се направи за Охридското Езеро и живиот свет во него е да се стави во функција колекторот на целото подрачје

Пецаков: Суштински што треба да се направи за Охридското Езеро и живиот свет во него е да се стави во функција колекторот на целото подрачје

Кандидатот за градоначалник за општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во дебатната емисија на Телевизија 24 истакна низа проекти со кои би се зачувал еко системот и животната средина во градот и околината.

Како прво и суштинско што е важно и што се залага дека ќе го направи е ставање во функција на колекторот на Охридското езеро на целото подрачје и во соработка со соседните општини како Струга и Поградец, со што ќе се доведе до заштита на еко системот и живиот свет во езерото.

„Она што треба суштински да го направиме а е поврзано со езерото и животната средина во Охрид е првично да го ставиме во функција колекторот во Охридското езеро на целото наше подрачје и да формираме една заедничка заштита со соседните општина Струга и Поградец“, истакна Пецаков.

Тој додаде дека за заштита на еко системот треба да се реши и сливното подрачје на општината Охрид кој зафаќа и дел од Дебарца.

„Кога веќе разговараме за еко системот и заштитата треба да го решиме и сливното подрачје на општина Охрид кој што зафаќа и дел од Дебрца“, рече Пецаков.

Во однос на депонијата Буково, која што последните неколку деново е актуелна, поради тоа што во неколку наврати гори и од која се шири лош мирис кој ги гуши граѓаните, Пецаков истакна дека тоа ќе се реши со нејзина дислокација и формирање на нова модерна и современа депонија.

„Тука е депонијата Буково, заради тоа што е потребна дислокација и сето тоа би се решило со една модерна, современа депонија. Друга работа е дислокација на депонијата за градежен шут и Охрид како дел од биосферниот резерват под УНЕСКО, треба доста да вложиме и да црпиме средства преку ЕНЕСКО и европските фондови за да формираме одбрана или напредна заштита на се она што преставува заштита, не само на еко системот, туку и езерото и живиот свет во Езерото“, потенцираше Пецаков.

Коронавирус