недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 92
home Општини

Пецаков: Поставување фотоволтаични панели за заштита на животната средина и намалени трошоци за електрична енергија

Пецаков: Поставување фотоволтаични панели за заштита на животната средина и намалени трошоци за електрична енергија

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување, рече на прес-конференција кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков.

-ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ НАМЕНЕТИ ЗА РИДСКО-ПЛАНИНСКИТЕ МЕСТА Обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија. Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во таа насока има да обезбедиме проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места коишто не можат да се користат за други намени. Со ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина. Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се остварат заштеди на енергија. Овој проект опфаќа поставување на фотоволтаични панели на спортските објекти, со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност. Истите ќе бидат поставени на: спортската сала „Билјанини извори“, на базенот и на трибина на Градскиот стадион, истакна Пецаков.

Заокружи 7 за промени, проекти, победи! 7 за уште поубедлива победа на 31 октомври! Порача тој.

Коронавирус