вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 118
home Општини

Пецаков: Ќе направам се Охридското езеро да биде чисто и да нема проблем со загадување

Пецаков: Ќе направам се Охридското езеро да биде чисто и да нема проблем со загадување

Општина Охрид има преземено активности за колекторот на Охридско езеро и има јавно претпријатие Колектор кое е под државна капа. Државата и општината се обврзаа дека ќе се санира колекторот, со истиот треба да се покриени сите места за да нема загадување на езерото. Тоа е клучно за Езерото, рече Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид на вечерашната дебата на Македонската телевизија.

Според него има делови кои не можат да се опфатат со колекторот, но како локална самоуправа треба да се реши проблемот во оние места каде нема канализациона мрежа и истата да се формира.

– Сето тоа се решава или може да се среди за 4 години или за еден мандат, рече Пецаков.

Пецаков ветува велосипедска патека до Сфети Стефан и реконструкција на плоштадите Крушевска република и Свети Климент Охридски.

– За реконструкција на плоштадот свети Климент Охридски потребно е собирање на документација и угостителските објекти ќе добијат унифициран изглед како што треба да изгледа еден таков дел од градот. Велопсиедската патека ќе биде само почеток на она што треба да биде велопсиедска патека по целото крајбрежје или и од Свети Стефан па до границата, рече Пецаков.

Коронавирус