среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.

-Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина. Со овој проект, освен задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед, се подобрува и туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите, вели Пецаков.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат охриѓани да заокружат во недела број 7 за голема победа на Кирил Пецаков.

-На 31 октомври Охрид добива вистински градоначалник кој гарантира нова и светла иднина, порачуваат од партијата.

Коронавирус