четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 74
home Општини

Патиштата и улиците во Кавадарци и Росоман се проодни

Патиштата и улиците во Кавадарци и Росоман се проодни

Сите улици и патишта во Кавадарци и Росоман се проодни  по интензивните врнежи од снег. Снежната покривка во Кавадарци, во градот е значително помала, споредено со ридско планинскиот дел каде има снежни наноси и до 1,5 метар.

Од општината информираат дека зимската служба активно дејствува и сите улици и патишта се проодни. Се апелира до граѓаните, доколку немаат поголема итност, да не патуваат кон селата од Бошавијата, бидејќи сообраќајот се одвива во зимски услови.

И од општина Росоман информираа дека утринава дејствувала службата за зимско одржување на улиците и патиштата и била расфрлана сол и ризла како на улиците во Росоман, така  и на патните правци до Сирково, Камен Дол, Трстеник и Манастирец.