вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Општини

Пароли низ Струмица со поддршка за коментаторот Тони: „Стоп за цензурата на македонизмот“ (ФОТО)

Пароли низ Струмица со поддршка за коментаторот Тони: „Стоп за цензурата на македонизмот“ (ФОТО)

Не стивнуваат преписките за различнте ставови по однос на коментарот на спортскиот новинар Тони Стојановски за време на фудбалскиот меч на кој Македонија обезбеди пласман на Европско првенство со кој порача дека во период во кој не оспоруваат како нација, влегуваме во Европа.

„Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна!“ – гласеше изјавата Стојановски.

Во родениот град Струмица на нашата фудбалска икона, Горан Пандев, кој со неговиот гол обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се одржи следната година, во центарот беа поставени пароли на кои пишува:

„СТОП за цензурата на македонизмот“

Струмичани со ова оддадоа почит и поддршка кон спортискиот новинар Тони Стојановски, во време кога од најразлични страни е осудуван и критикуван.

Коронавирус