петок, 3. јули 2020. Вести денес: 124
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Општини

Парапетчето во Градиште „воскресна”, инспекциите спијат

Парапетчето во Градиште „воскресна”, инспекциите спијат

Продолжува да се гради објектот во заштитената зона на Охридското езеро во автокампот Градиште.

Вистинските сопственици на имотот кој по долга правна битка треба да го вратат во свое владеење автокампот Градиште објавуваат дека противправната градба продолжила.

Со реакција се произнесоа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“.

-Каде е сега Георгиески откако излажа дека започнале активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид? Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето. До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид? Веќе не знаеме по којпат охриѓани го видоа лицемерието на Георгиески како партиски послушник на СДСМ. Кај Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него. СДСМ и Георгиески докажаа дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020