среда, 8. декември 2021. Вести денес: 117
home Општини

Папазов: Создаваме нова иднина за Кочани- Ќе формираме бизнис инкубатор за развој на стартапи

Папазов: Создаваме нова иднина за Кочани- Ќе формираме бизнис инкубатор за развој на стартапи

Како градоначалник на општина Кочани и оваа локална самоуправа, ќе го завршиме формирањето на општискиот младински совет, ќе ја унапредиме неговата работа, истакна Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.

-Во соработка со средношколските училишни центри во градот и регионалните високо образовни институции ќе формираме бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и донесување на нови вработувања.

Просториите на спомен домот АСНОМ ќе ги ставиме во функција на младите креативни работници од областа на културата.

Спортските терени и спортските сали ќе ги ставиме во функција на развој на младинскиот масовен спорт.

Ќе формираме нови велосипедски патеки.

Слушајќи ја иницијативата на младите ќе создадеме услови за отпочнување со работа на рок фестивалот кој ќе го носи името на Симеон Иванов Канго, додава Папазов.

Коронавирус