вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 90
home Општини

Папазов: Кочанчани ја казнија власта и јасно се изразија за промени, приклучете се сите на промените да создадеме нова иднина за Кочани

Папазов: Кочанчани ја казнија власта и јасно се изразија за промени, приклучете се сите на промените да создадеме нова иднина за Кочани

Дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори. Го поздравувам демократскиот амбиент во кој што помина изборниот ден, со исклучок на определени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ. Таквиот бран го зафати и Кочани, власта го загуби мнозинството на локално ниво за 4.000 гласа, изјави денеска за медиумите, Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.

Тој ги повикува граѓаните слободно и одлучно да се приклучат на промените кои што неминовно следуваат и заедно обединети и сплотени да создадат нова иднина, каква што Кочани заслужува.

Коронавирус