недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 93
home Општини

“Пајак” стигнува за еден месец во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето

“Пајак” стигнува за еден месец во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето

Во Кавадарци ќе се става ред во паркирањето, а за еден месец треба да  стигне и пајак возило, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Се работи на формирање јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини досега не беа извршени измени во генералниот и деталниот урбанистички план и не беа изградени гаражите. Тие ќе почнат да се градат  во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона, појаснува Јанчев за МИА.

Градоначалникот нагласи дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.

– Ќе биде тоа  пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само најнепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата  и јавното претпријатие ќе почнат  да функционираат најверојатно од кај средина на ноември. Од февруари – март,  се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето, вели Јанчев. (МИА)

Коронавирус