понеделник, 24. јуни 2019. Вести денес: 46
home Општини

Овој прилепчанец спасува животи: Над 100 пати има дарувано крв

Овој прилепчанец спасува животи: Над 100 пати има дарувано крв

Пеце Илиоски досега 104 пати има дадено крв. На секои 3 месеци, односно годишно 4 пати.

Потекнува од семејство со долгогодишна дарителска традиција.

-Доста е развиено крводарителството. Има повеќе млади кои даруваат крв. Даруваме за да спасиме нечиј живот. Дарувам 4 пати годишно или вкупно 104 пати. Традиција е дарување на крв во семејството. Татко ми ја подал раката 60-тина пати, мајка ми и брат ми по 20-тина пати, вели Илиоски.