недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Општини

Овој македонски град утре ќе биде цел ден без струја

Овој македонски град утре ќе биде цел ден без струја

Во Дебар утре од 10 до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со струја заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со електрична енергија, соопшти АД ЕЛЕМ.

Станува збор за редовно сервисирање на регулациска склопка од 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, постапка што почна минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата.

Од АД ЕЛЕМ информираат дека сервисирањето го врши овластениот сервисер ,,Кончар ИНГ” од Хрватска, кој во најкус рок обезбедил резервен дел, и ќе го замени во трансформаторот во текот на утрешниот ден.

– Сервисирањето е од најголемо можно значење, со оглед на тоа што без регулациска склопка постои ризик од избивање на мрежата, настанување на целосно оштетување на електичните апарати на корисниците, долготрајно останување без електрична енергија на Дебар и сериозни можни последици за целиот електроенергетски систем на земјата со загрозување на неговата стабилност. Од тие причини, зафатот во текот на утрешниот ден, сабота 6.4.2019 е неопходен и граѓаните се замолуваат за трпеливост и соработка со институциите заради своја лична сигурност и сигурност на нивниот имот, се наведува во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Коронавирус