сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 71
home Општини

Овие градови во Македонија немаат новозаболени од Ковид-19

Овие градови во Македонија немаат новозаболени од Ковид-19

Епидемиолошката состојба во општините Гевгелија, Богданци и Дојран, која е под контрола на Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија е добра, оцени епидемиологот д-р Сашо Олумчев, кој вели дека до денеска во трите општини се регистрирани вкупно 19 позитивни на коронавирусот.

– Од регистрираните целосно се веќе оздравени 12 лица, а седум лица имаме се уште активни од кои шест во Дојран и едно лице во Гевгелија. Сите тие се во добра здравствена состојба и се лекуваат успешно.Само еден пациент од Дојран се лекува на инфективното одделение во Струмица, но и тој е во стабилна здравствена состојба, рече д-р Олумчев.

Во Дојран, според него, се работело за семеен кластер во кој контактите на заболените се ставени во изолација.

– Случајот е импортиран од друг град и од тој кластер не очекувам натамошни проблеми, но не треба да се исклучи можноста во иднина да се јават други кластери, бидејќи Дојран е туристичко место кое за време на летната сезона и особено за претстојниот Илинденски викенд го посетуваат многу гости од земјава и странство, вели Олумчев.

Доколку продолжи непочитувањето на препораките од здравствените органи за заштита, особено од страна на младите кои поради несериозност или неверување дека токму тие може да се инфицираат, Олумчев во текот на ессенскиот период очекува зголемување на бројот на заболени со симптоми на Ковид-19, поради што апелира на доследна примена на мерките за лична заштита од коронавирусот.

Коронавирус