петок, 30. јули 2021. Вести денес: 18
home Општини

Оваа кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш (ФОТО)

Оваа кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш (ФОТО)

Кожна јакна ја затна канализацијата во Радовиш, откако беше извлечена од пумпа на препумната станица од колекторот за фекални води кон пречистителната станица кај населбата Раклиш, информираат од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.

„Тоа беше причината за застојот и тоа кажува колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро“, стои во објавата на радовишкото комунално претпријатие.

Оттаму го потсетуваат несовесниот граѓанин дека кожната јакна е во пречистителната станица и не е оштетена и доколку сака, може да ја подигне.

Коронавирус