недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Општини

Ова место е благословено од Бога: Убавината на манастирот Св.Богородица – Балаклија во Делчево е надалеку позната

Ова место е благословено од Бога: Убавината на манастирот Св.Богородица – Балаклија во Делчево е надалеку позната

Св. Богородица Балаклија е манастир во близина на Делчево на оддалеченост од 1.5 км од градот, и е еден од најрепрезентативните верски и културни објекти во општина Делчево.

Сместен е во прекрасен природен предел во подножјето на планината Голак покрај регионалниот пат Делчево-Туристички локалитет Голак. Целиот простор е репрезентативно уреден и оплеменет со традиционални градби, патеки, места за одмор, поток, чешма, водопад, летниковци и др. содржини.

Фото 20.04.2012 година
Голем народен собор околу Манастирот Св, Богородица Балаклија

Повеќе пати во годината овде на ова место се случуваат повеке религиозни, културни и други настани.

Податоци за постоење на Манастирот Света Богородица Балаклија- Источен петок датираат уште од 1915 година. Тогаш манастирот бил граден од плет и кал. Поради таквата градба тој неможел подолги години да опстои, бил срушен и на старите темели на 6-ти јуни 1999 година бил обновен со поставување на камен темелник.

Фото 11.07.2010 година
Машката група Копачка го игра познатото соборско оро “Копачката” за време на снимањето на документарен филм кој подоцна ќе биде искористен во прилог на апликацијата на Копачката за заштита под УНЕСКО

На 19.09.1999 година од Неговото Високо Преосвештенство Митрополит Брегалнички Господин Стефан и во сослужение на Митрополитот Агатангел и Митрополитот Наум и повеке свештеници и ѓакони беше осветен манастирот.

Надворешно е фасадиран со бела боја и црвен гитер цигли, покриен со црвени керамиди. Основата на манастирот е во вид на православен крст со едно централно кубе.

Внатре ѕидовите на манастирот целосно се фрескописани од зографот Драган Ристевски од Охрид. Има иконостас направен од дрво и двери на кои е насликано Благовештението на Пресвета Богородица и завеса од Господ Исус Христос а до неа е иконата на Свети Јован Крстител на вратата. Лево е иконата на Света Богородица, а до неа на врататa е иконата на Света Богородица Балаклија- живоносни источник и Храмов празник на манастирот.

Фото 23.02.2011 година
Иконата на Пресвета Богородица во средиштето на манастирот
Фото 23.02.2011 година
Иконостасот во манастирот
Фото 23.02.2011 година
Фрескописот на кубето на манастирот

Внатре во олтарот има престол околу кој може да се кружи. На престолот има антимис, Св. Евангелие на македонски јазик, мал свеќник, еден престолен крст и распетие. Има мал жртвеник, комплет Св. Саседи и кадилница.

Реконструкцијата и возобновувањето на манастирот целосно завршиле во 2002 година од страна на фондацијата “Благовестие”.

Празник на храмот е секогаш првиот петок по Велигден (светол или црн петок ).

Од памтивек на ова место вдахнато со сите природни убавини распослани околу Манастирот Св. Богородица Балаклија се случува голем народен собор кој што до пред само 20 децении бил од регионален карактер. Соборот кај Св. Богородица Балаклија на првиот петок после Велигден бил надалеку познат и признат од православните христијани. На тој ден верниците даваат курбан во слава на Бога и за сопствено здравје. Поубава манастирска чорба благословена од свештениците намесници на манастирот и делчевското архиерејско намесништво, многумина се фалат дека немаат пробано на друго место.

Репрезентативниот природен пејсаж оплеменет со традиционални градби и светоста на самиот манастир е примамлива вредност за многу млади брачни парови кои сакаат својата венчавка, свадба или било која друга семејна свеченост да ја овековечат на ова место заедно со своите најблиски.

Во подножјето на темелите на манастирот извира света вода која помеѓу верниците е надалеку позната. Постои верување дека оваа света вода од чешмата под Манастирот има исцелителни моќи, а и жителите од Делчево многу често налеваат од оваа вода за пиење во нивното секојдневие.

Фото 23.02.2011 година
Чешмата со Света вода која никогаш не пресушува под самиот манастир во манастирскиот ендек

Во 2000 година на празникот на храмот во склоп на целиот комплекс е поставен камен темелник на манастирски конаци кои што се изградени до карабина.