среда, 8. декември 2021. Вести денес: 62
home Општини

Отворени избирачките места во шест општини од Југоистокот

Отворени избирачките места во шест општини од Југоистокот

Сите избирачки места во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче се отворени во 7 часот и гласањето се одвива без никакви проблеми согласно здравствените протоколи, информираат од општинските изборни комисии.

Освен во Конче, во другите општини во Струмичко и Радовишко се забележани технички проблеми со уредите за читање на отисокот од прстот на неколку избирачки места, но според претседателите на ОИК, проблемите се отстрануваат во од и не влијаат на текот на изборниот процес.

Право на глас во овие шест општини имаат 110.428 граѓани на 214 избирачки места. Тие избираат градоначалници од 16 кандидати и советници од 33 советнички листи.

Коронавирус