недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Општини

Отворена спортската сала во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци

Отворена спортската сала во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци

Во Кавадарци денеска беше пуштена во употреба новоизградена училишна спортска сала во Основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов”, 56 години по отварањето на оваа воспитно образовна установа.

-Се работи за училиште со голема традиција на квалитетен наставен кадар и голем број на успешни ученици, рече директорот Никола Нешковски.

Појасни дека реновирани се и спортските терени, со што учениците имаат целосен комплекс за наставата по физичко и здравствено образование.

-Во 21 век младите постојано се изложени на опасност од најразлични пороци кои се огромен проблем за градење на успешна иднина. Токму ваквите услови за развој на психофизичкиот развој преку спортот, се најдобра алатка за избегнување на пороци, нагласи Нешковски.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е штета што некои училишта сеуште немаат спортски сали. Изрази надеж дека во наредниот период заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт, ќе се успее сите училишта во општината да добијат сали за спортски активности. Ќе се настојува исто така да се обезбедат и други слични објекти.

-Општина Кавадарци е на прав правец, оваа година имаме запишано повеќе првачиња со десет проценти од претходната година,тоа е еден добар и мил податок, од душа да кажеме дека имаме поголем наталитет и поголем развој во општината. Исто така овие ученици кои имаат завршено деветто одделение кои ги запишуваат во средните училишта се исто така со поголем број, тоа значи дека и од другите соседни општини имаме запишано ученици овде, нагласи Јанчев.