вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 27
home Општини

Отворање инфо-центар за параглајдинг и авантуристички туризам во Крушево

Отворање инфо-центар за параглајдинг и авантуристички туризам во Крушево

Инфо-центар за параглајдинг и авантуристички туризам ќе биде отворен денеска во Крушево. Со отворањето на инфо-центарот, туристите ќе можат на едно место да добијат информации за параглајдерство, за достапните тури за авантуристички туризам, туристички водичи, информации за сместувачките капацитети во градот и останатите активности кои се достапни во Крушево.

Инфо-центарот ќе биде раководен од параглајдинг клубот HELI XC, а поддржан од општина Крушево, Агенција за поддршка и промоција на туризам и Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт.

Центарот во Крушево ќе го отворат градоначалникот Томе Христоски, и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. (МИА)

Коронавирус