среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Османи и Дураку во посета на општина Дебар

Османи и Дураку во посета на општина Дебар

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку денеска ќе ја посетат општина Дебар каде ќе се сретнат со градоначалникот Ружди Љата.

На средбата со Љата, информираат од СЕП, ќе се разговара за проектите кои се реализираат во општина Дебар, како и за идните активности кои се планираат во оваа општина.

Владините претставници и градоначалникот ќе извршат и увид во новоизградените инфраструктурни проекти во Дебар.

(Миа)

Коронавирус