сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 15
home Општини

Општина Велес со апел до граѓаните

Општина Велес со апел до граѓаните

На денешниот состанок кој го организираше  Општина Велес со сопственици на маркети и магацини на прехранбени производи беше упатен  апел  до граѓаните да купуваат навреме, а не пред самиот полициски час, за да не се прават непотребни турканици пред влезовите на маркетите и за да не се загрозува нивното здравје.

-Доколку имаат потреба за одредени намирници од маркетите, да ги набават пред почетокот на полицискиот час за да не се создава непотребна гужва пред влезовите на продавниците, a воедно при движење во внатрешноста на објектите да се почитува мерката за одржување растојание помеѓу купувачите, соопшти Општина Велес.
Се препорачува оналајн-нарачките граѓаните да ги прават за најнеопходни производи, а за количината и видот на набавката за достава до домот на нарачателот, ќе одлучи самиот економски оператор во зависност од вкупната вредност на набавката.

Коронавирус