Општина Прилеп склучила договор за одржување и заштита на автопати, улици и патишта (зимско одржување) на територијата и за потребите на Општина Прилеп во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас.
На електронскиот систем за јавни набавки е јасно наведено дека станува збор за постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Со други зборови, договорот е склучен во “4 очи“.
Проценетата вредност на набавката изнесува 14.514.000 денари.
КУРИР побара одговор од општина Прилеп зошто е склучен договор без да биде објавен оглас, зошто токму таа фирма е одбрана и на кој начин се вршела селекцијата за избор на фирмата на која и е платено над 14 милиони денари?
Но, од таму не добивме одговор.