среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Општини

Општина Охрид од следната година ќе доделува стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби

Општина Охрид од следната година ќе доделува стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби

Донесовме одлука од наредна година за прв пат да доделуваме стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети, објави денеска градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.

-Иницијатор на оваа мерка е здружението ,,Ретко е да си редок’’ кое работи на проекти и програми за поддршка и инклузија на лицата со ретки болести.

Стипендиите значително ќе им помогнат на децата и младите од оваа категорија и ќе им овозможат остварување на поголеми образовни успеси, пишува во својата Фејсбук објава Пецаков.

Коронавирус