недела, 12. јули 2020. Вести денес: 87
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Општини

Општина Охрид немала пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини

Општина Охрид немала пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина Охрид, Нефи Усеини, нема да се урива набргу, бидејќи општината нема пари, пренесува „А1ОН„.

Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1ОН“.

Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.

Усеини ги нема потребните дозволи за базата, кои треба да бидат издадени од Општината, но и од другите надлежни институции. Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид – Струга. Изградбата на објекти на ова место е строго регулирано, а појасот е заштитен од УНЕСКО, што значи дека изградбата на вакви објекти, кои може да предизвикаат еколошки проблеми, е строго забранета.

Против Усеини има и четири предмети во охридското Обвинителство, но обвиненија и во новата година – нема

Усеини има и дивоизградена летна тераса на пицерија во заштитеното јадро на Охрид, односно кај Чинарот.

Општина Охрид одговорноста за тоа што таа не е отстранета ја префрла кај Државниот градежен инспекторат.

Парламентарни избори 2020