сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Општини

Општина Кисела Вода планира да изгради стотина нови згради, „Иницијатива за спас на Расадник“ најавува протест

Општина Кисела Вода планира да изгради стотина нови згради, „Иницијатива за спас на Расадник“ најавува протест

Неформалното здружение „Иницијатива за спас на Расадник“ најавува мирен протест во обид да се изборат против најавата на Општина Кисела Вода, во Расадник да изгради стотина нови згради.

– Одлучивме да го спасиме Расадник од бетон, и нема да отстапиме од тоа. Тука планираат да изградат околу 90 нови згради, по нашата проценка со тоа би се населиле околу 10.000 нови жители, колку еден помал град. Нас и сега ни е тешко, немаме тротоари, немаме улици, немаме место за паркинг. Нема пристап ниту за противпожарно возило. Сега се гради катна гаража за 50 возила. Таму досега можеше да се паркираат околу 35 возила, значи само за плус 15 возила се трошат пари за градба, не се прави ништо плански, само колку да се рече дека нешто се работи, вели Слободан Вуксановиќ за Утрински Брифинг.

Коронавирус