четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Општини

Општина Кичево одвои 1,6 милиони денари за третман на кучиња скитници

Општина Кичево одвои 1,6 милиони денари за третман на кучиња скитници

Општина Кичево одвои 1.600.000 денари за соодветен третман со кучињата скитници во територијата на општината.

Средставата се обезбедени со предлог измена и дополна на распоредот на средствата во буџетот на општината за 2018 година.

Советот ја усвои и Одлуката за давање согласност за преземање на обврските за основање регионална депонија на Владата на РМ.

На денешната седница Советот усвои одлука за формирање комисија за меѓуетнички односи во која ќе има по еден член од сите шест етнички заедници кои живееат во Кичево.

(Миа)

Коронавирус