вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Општини

Општина Кавадарци за прв пат спроведе акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на сообраќајниците

Општина Кавадарци за прв пат спроведе акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на сообраќајниците

Општина Кавадарци ги следи европските принципи на работење во справувањето со последиците од високите температури. Денеска Јавното преторијатие „Комуналец“ и надлежните од општината за прв пат спроведоа акција за посипување со индустриска сол на прегреаниот асфалт на две кавадаречки сообраќајници.

Сол беше расфрлана на Обиколницата „Северен булевар“ како и на новиот дел од „Западен булевар“.

Овој метод се покажал како ефикасен за разладување и намалување на температурата на врелиот асфалт. Технологијата се базира на принципот според кој солта ја одзема влагата од воздухот и ја привлекува кон асфалтираните површини, а со тоа се разладуваат патиштата и се спречува пукање на асфалтот и создавање нерамнини.