сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Општина Кавадарци го објави конкурсот за наградата „7 Септември”

Општина Кавадарци го објави конкурсот за наградата „7 Септември”

По повод „7 Септември”, Денот на ослободувањето на Кавадарци, кавадаречката локална самоуправа објавува конкурс за доделување на највисокото општинско признание.

– Наградата „7 Септември“ се доделува на физички и на правни лица за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, за посебен придонес за развојот на општината и нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

На ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.

Коронавирус