понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 81
home Општини

Општина Гостивар: Владата на СДСМ-ДУИ врши дискриминација кон нас со измама

Општина Гостивар: Владата на СДСМ-ДУИ врши дискриминација кон нас со измама

Гостиварската локалната самоуправа реагира и ја обвинува Владата дека не префрила средства за подобрување на локалната инфраструктура, туку за реновирање на болницата.

Општинското раководство, како што посочува во соопштение, смета дека „Владата на СДСМ-ДУИ врши дискриминација кон општина Гостивар со измама” дека близу 30 милиони денари наменети за општата болница „Ферид Мурад” во Гостивар, ги добил градоначалникот Арбен Таравари.

-Сакаме да разјасниме за јавноста дека не сме против овие финансиски средства, но централната власт свесно знаејќи дека локалната власт нема надлежност над здравствените институции, се обидува да глуми дека е добра, за наводно еднаков третман на сите општини. Реално, парите наменети за реновирање на гостиварската болница се од средствата добиени од ТАВ предвидени за карго аеродромот во Штип во вредност од 35 милиони евра. Владата ги пренамени овие пари за 99 проекти во 75 градови. Она што се издвојува е дека во сите општини има инфраструктурни проекти (канализација, патишта или училишта), а само за Гостивар парите се предвидени за реновирање на болницата, се наведува во реакцијата на Општина Гостивар.

Општинското раководство во целата работа посочуваат на дискриминација, а според нив, причината за тоа е што со Гостивар раководи кадар на Алијансата за Албанците и го сметаат за најуспешен градоначалник меѓу 80 општини во земјава.

Коронавирус