понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Општини

Општина Гостивар донираше хигиенски препрати и заштитни маски за градската општа болница

Општина Гостивар донираше хигиенски препрати и заштитни маски за градската општа болница

Заштитни маски, препарати за дезинфекција и производи за хигиена се дел од последната донација која општина Гостивар ја предаде на општата болница „Ферид Мурад“.

Донацијата во вредност од 30 илјади денари ја примија вработените во инфективното одделение, а во неа имаше и околу 2000 заштитни маски.

– Ова е време кога секој треба да помогне колку што може. Општина Гостивар веќе донираше опрема за потребите на болницата и денес донираме хигиенска опрема и маски за здравствениот персонал. Се надевам дека ќе им требаат што е можно помалку. Од почетокот на кризата со коронавирус, дониравме средства кои им помагаа на ранливите семејства со помош на локални институции и компании, на што сме многу благодарни. Ова е клучен чин на општествена одговорност во овие тешки моменти, рече секретарот на општина Гостивар Назми Јусуфи.

Раководителот на инфективното одделение, Ратко Наумоски, неодамна оцени дека состојбата со заболени е исклучително тешка и дека покрај недостиг на места за сместување на болни имаат потреба од дополнителни заштитни средства. Во инфективното одделение со потешки симптоми се лекуваат 30 пациенти, а останатите одделенија уште дваесетина.

Последниве денови, бројот на заболени од Ковид 19 во Гостивар значително расте. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани рекордни 84 позитивни случаи, а минатата недела бројката достигна речиси 300 нови.

Во гостиварско активни се над 660 лица кои со решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат се во изолација и им се врши контрола.

Коронавирус