вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 129
home Општини

ОО СДСМ: Луѓето на Димитриевски продолжуваат со ширење лажни вести, провокации, закани и уцени

ОО СДСМ: Луѓето на Димитриевски продолжуваат со ширење лажни вести, провокации, закани и уцени

Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денес обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство на сопругата и внучето.

„Дојдоа активисти на Димитриевски на мојата врата на домашна адреса, со пропаганден материјал и провокациски напади, „Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после“, а на што претходеа непристојни зборови и понуди од страна на Александар Крстевски – човек на Димитриевски, а веднаш потоа и закани од страна на Драган Алексовски-Вуле. Сето ова се случи пред мојата влезна врата во присуство на мојата сопруга и малолетниот внук кои не беа должни да сведочат на ваков немил настан. Уште еднаш одговорно тврдам дека немало никакво насилство од моја страна.

За овој настан ќе поднесам и приватна тужба против лицето, Драган Алексовски кој на секој можен начин се обидува да ме дискредитира.

Целта на нивната посета беше да ме провоцираат, знаат точно каде живеам и сакаат да го продолжат насилството од вчера кога беше нападнат мој колега кандидат за советник, на мојата врата и пред мојата сопруга и малолетно внуче започнаа да ме навредуваат и ми упатија директна закана. “

Во нивна одбрана вели Петрушевски, на прес-конференција од тимот на група избирачи изнесени се лаги и невистини.

„ Срамно и во најмала рака е дегутантно да се изнесуваат вакви лаги и невистини како што денес изнесе тимот од групата избирачи. Како може да обвинувате човек во години дека физички се пресметува со жена? Целосно ги отфрлам ваквите обвинувања од Ваша страна и ќе поднесам кривична пријава пред надлежните органи за клевета“-рече Петрушевски.

„СДСМ ќе остане партија на просперитет и родова рамноправност, СДСМ ќе победи уште еднаш на овие избори сакале вие или не“, порача Петрушевски.

Коронавирус