петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ Росоман: Градоначалникот Јанев не реализира ниту еден проект од својата програма

ОК ВМРО-ДПМНЕ Росоман: Градоначалникот Јанев не реализира ниту еден проект од својата програма

Денеска на прес конференција од страна на советничката во советото на општина Росоман Блага Бојкова беше изјавено дека градоначалникот од редовите на СДСМ Бранко Јанев не реализирал ниту еден проект од програмата за локалните избори во 2017 година.

Изминаа две години, а градоначалникот Бранко Јанев не реализираше ниту еден проект од неговата програма за локалните избори 2017 год. Изминаа две години во кои локалните власти заборaвија да работат за подобар живот на граѓаните на општина Росоман а кој силно го ветуваа. Денес, имаме нефункционална општина Росоман која стагнира бидејќи приоритет се внатрепартиските интереси. Општина Росоман стагнира затоа што две години има неразвоен буџет и ниту еден капитален проект во реализација, вели Бојкова.

Таа додаде дека Росоман и понатаму тоне во ѓубре, со раскопани улици како резултат на безидејноста и неработењето на Јанев.

Општината како никогаш досега е преполна со нечистотија, ѓубре, дупки по улиците, раскопани улици, и како никогаш досега се подлабоко и подлабоко тоне како резултат набезидејноста и неработењето на локалната власт и градоначалникот Бранко Јанев, кажа Бојкова.

Бојкова нагласи дека набргу доаѓа обнова на Македонија, како и обнова на општина Росоман бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа.

-Сите заедно, секој со свој придонес и идеи, затоа што Македонија заслужува и Росоман заслужува, заедно да ја започнеме обновата, заврши Бојкова.