понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 28
home Општини

ОК ВМРО-ДПМНЕ на Кавадарци: Доста ни е од козметичките мерки на СДСМ и Заев, бараме веднаш решавање на проблемите на земјоделците, сигурен пласман и добра цена на грозјето

ОК ВМРО-ДПМНЕ на Кавадарци: Доста ни е од козметичките мерки на СДСМ и Заев, бараме веднаш решавање на проблемите на земјоделците, сигурен пласман и добра цена на грозјето

Владата на СДСМ и Зоран Заев продолжуваат да ги лажат и манипулираат граѓаните на Република Македонија. Ова што во моментот се случува со земјоделието во државата е крајно неодговорно и несовесно менаџирање на власта. Ветуваа брда и долини во земјоделието но реалната ситуација е сосема поинаква. Поголем дел од праските оваа година завршија во депониите и на нивите. Јаболките исто така останаа неоткупени. Нема ништо од ветувањата дека кога СДСМ ќе дошле на власт откупувачите ќе се тепале кој да ги откупи земјоделските производи, ниту пак дека цените ќе растат и ќе немало да остане ниту еден килограм неоткупен, вели Гоце Ангеловски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на денешната прес конференција.

Го обвинија Заев и СДСМ дека се што ветил во земјоделието за се излажале, потенцирајќи дека со зелената нафта ќе бидат опфатени само 55.000 земјоделци додека во Република Македонија има регистрирано преку 100.000 земјоделци.

Зелената нафта е само уште една лага на власт. Оваа популистичка мерка ќе важи само за 55.000 земјоделци, а во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци.Затоа јавно го прашуваме Заев и министерот за земјоделие Димковски дали со оваа мерка ќе се задоволат само апетитите на партиските послушници на СДСМ, додека другите земјоделци мака мачат, прашува Ангеловски.

Ангеловски изрази загриженост за откупната цена на грозјето споделувајќи неофицијални информации дека винариите во Тиквешијата нема да вршат откуп на грозјето со што се предвидува дека над 40 милиони килограми грозје ќе остане на нивите.

Според неофицијални информации се предвидува винариите во Тиквешијата да не вршат откуп на грозје со целосен капацитет, со што над 40 милиони килограми на грозје ќе остане на нивите.Наместо да ги решаваат реалните проблеми во земјоделието,власта на СДСМ и Заев спроведуваат политички прогон во вработените во министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, се вели во прес конференција.

На крај порачуваат дека состојбата во земјоделието е алармантна и бараат веднаш заминување на СДСМ и Заев од власт како би дошла нова влада која би ги решила проблемите на земјоделците.